Затоа е Гранде: Пандев е трет на листата со настапи во Серија А од актуелните играчи!

607

Затоа е ГРАНДЕ. Горан Пандев е трет на листата на играчи со најмногу настапи во Серија А кои се уште играат во една од најсилните лиги во светот. Да потсетиме, Македонецот ја игра 18. сезона во Серија А, а досега има 475 официјални мечеви во клубовите за кои играше. Сега е член на Џенова и веројатно ја игра својата последна сезона во својата фудбалска кариера, секако и во Серија А.

На прво место е Самир Хандановиќ од Интер со 517 натпревари, втор е Фабио Кваљарела од Сампдорија со 502 меча, следува Пандев со 475.

Позади Пандев се едни Киелини, Бонучи, Раду, Иличиќ…

ПретходноФановите на Шкендија ќе маршираат низ улиците на Тетово за жртвите од пожарот!
СледноКукоч: Џордан не беше секогаш љубезен, но ме туркаше напред (ВИДЕО)