Во првиот меч од 4.коло во Премиер – лигата, домашниот тим на Кристал Палас со 3:0 го “торпедираше“ Тотенхем. Тимот кој што во изминатите три кола единствен беше со три победи.
Сепак денеска Кристал Палас одигра одличен фудбал и апсолутно заслужено ги “поздрави“ гостите од Лондон.
Првиот гол, за водство од 1:0 беше дело на Заха од пенал во 75.минута. ВАР ја потврди одлуката дека тука имало пенал. На 2:0 зголеми Едуард во 84.минута и тоа на асистенција на Заха, а истиот играч во последните секунди од мечот додавањето на Галагер, на атрактивен начин ја проследни во мрежата на “спарси“ за конечни 3:0.