Откупната клаузула на Мбапе во Реал Мадрид ќе биде МИЛИЈАРДА евра!

190

Иако уште не е потпишан, иако последните информации говорат дека можно е да остане во ПСЖ, Реал Мадрид уште отсега планира што и како си Килијан Мабапе во наредните години, од јуни па натаму се разбира.

Имено “кралевите“ имаат намера да постават откупна клаузула од МИЛИЈАРДА евра. Тоа значи дека ако сака некој да купи идниот фудбалер на Реал Мадрид ќе мора и тоа како добро да искешира.

Сепак до следното лето може многу работи да се сменат. Факт е дека Мбапе сака по секоја цена да оди на “Сантијаго Бернабе“ но факт е дека тој во Реал Мадрид би земал 30 милиони евра годишно, а во ПСЖ најмалку 45 милиони евра нето.

ПретходноКристал Палас со тројка го “поздрави“ Тотенхем! (ВИДЕО)
СледноПосле Пеле и Ромарио заврши на операција!