Параглајдеристот Мартин Јованоски од Прилеп го освои првото место на Светскиот куп во Турција. Со освоени 3716 поени Јованоски триумфираше пред Глеб Сукхоткиј, кој на крајот го освои второто место.
Ова е голем успех за Македонија, а триумфот на Јованоски е уште еден доказ дека Македонија го живее своето ‘златно време’ во овој спорт.