Втора трка по ред, Шпанецот Карлос Саинц на Ферари, го заврши својот тренинг со удирање во заштитна ограда.
Откако на овој начин го заврши тренингот за ГН на Холандија, оваа сабота тој исто така излетаод патеката и удри во заштитниот ѕид на последниот тренинг на ГН на Италија во Монца.
„Имав силен удар. Малку ме болеше, но јас сум добро“, им рече Саинц на луѓето од својот тим преку радио-врската.
Саинц беше однесен на лекарски преглед, каде што не беше потврдена сериозна повреда, што би требало да значи дека тој нормално ќе учествува во продолжението на активностите на патеката во текот на викендот.
A heavy crash ended Carlos Sainz’s FP2 session#ItalianGP 🇮🇹 #F1 pic.twitter.com/AsGyYx95md
— Formula 1 (@F1) September 11, 2021