Солсбери освои два трофеја на УС Опен во парови

260

Британецот Џо Солсбери е првиот тенисер по Боб Брајан во 2010 година кој освојува два трофеја на УС Опен во двојки. Тоа го прави и првиот британски тенисер на кого му успеало тоа.

Вчера Солсбери во тандем со Раџев Рам ја победија британско-бразилската комбинација Мареј/Соареш со 2:1 во сетови (3:6, 6:2 и 6:2).

Денеска, Салсбери заедно со Десире Кравчук од САД триумфираа во финалето во мешани парови. Тие со 2:0 (7:5 и 6:2) ги совладаа Аревало и Олмос.

Во кариерата Солсбери има триумфи во парови уште на Австралија опен минатата година исто така со Раџев Рам како партнер, а во мешани парови исто така со Кравчук како партнер победи на Ролан Гарос оваа година.

ПретходноПо 14 години играње во Европа Давид Луиз се врати во Бразил!
СледноНеверојатната Радукану – од квалификантка до титулата на УС Опен без загубен сет!