По незгодната повреда која ја влечеше од Европското првенство, нашиот репрезентативец Аријан Адеми, денеска конечно се појави на терените. Во дресот на Динамо (З) тој и денеска беше на клупата за резерви на мечот со Шибеник, но доби шанса и влезе во игра во последните 30 минути од средбата при резултат 0:0.
Неговото влегување веднаш донесе позитивни ветришта во играта на „модрите“, кои во 68. минута преку Лауритсен го отворија резултатот за 1:0. Адеми запиша асистенција.
Динамо (З) на крајот славеше со 2:0.