Германскиот шампион Баерн ја забележа третата победа во 4. коло од Бундес лигата. „Баварците“ славеа победа на гостувањето кај РБ Лајпциг, еден од конкурентите за титулата со 4:1. Роберт Левандовски го отвори резултатот со гол од пенал во 12. минута што е негов шести гол во десеттиот меч против овој противник.
Во второто полувреме зголеми Мусиала, по него стрелаше и Сане. Во меѓувреме Лајмер намали, а новакот Чупо Мотинг ги постави конечните 4:1 во финишот.
РБ Лајпциг го бележи најслабиот старт во Бундес лигата. Имаат само три бода од четири меча, но треба да кажеме дека оваа екипа од 2016 година се натпреварува во најсилното германско првенство.