Ботас победи на спринтот на „Монца“, Верстапен утре тргнува прв

107

И денеска не недостасуваше спектакл на спринт-квалификациската трка за Големата награда на Италија, четиринаесетта во календарот на трки во Формула 1. Валтери Ботас ги однесе трите бода предвидени за победникот, откако возачот на Мерцедес, кој стартуваше прв, успеа да ги задржи сите ривали зад себе во 18 круга од трката.

Сепак, утре тој нема да биде во првиот ред на официјалната трка, откако ги замени сите елементи на енергетската единица, ша сега ќе започне од последното место на стартната линија. Макс Верстапен, кој денеска го освои второто место, додавајќи уште два бода во своето конто, утре ќе стартува од пол-позицијата.

ПретходноГол-шоуто на „БајАрена“ со среќен крај за „милионерите“ (ВИДЕО)
Следно„Олд Трафорд“ му се поклони на Роналдо, Арсенал, конечно, даде гол и победи, шампионот славеше кај Лестер (ВИДЕО)