Гол-шоуто на „БајАрена“ со среќен крај за „милионерите“ (ВИДЕО)

227

Предводени од неверојатниот Ерлинг Халанд, фудбалерите на Борусија (Д) низ два пресврти на крајот триумфално го напуштаат Леверкусен обезбедувајќи ја третата сезонска победа во Бундеслигата. „Милионерите“ денеска со 4:3 славеа на гостински терен кај еден од ривалите за висок пласман, а повторно во центарот на вниманието беше Норвежанецот.

Халанд постигна два гола (еден од пенал) и беше автор на завршниот пресврт на мечот по кој гостите ги однесоа трите бода. Баер (Л) водеше трипати, но на крајот радоста ги красеше гостинските лица.Гереро во 71. и Халанд од белата точка во 75. минута го направија комплетниот преврт и донесоа победа за „жолто-црните“.

Фудбалерите на Волфсбург се вистинско изненадување оваа сезона. „Волците“ и во четвртиот сезонски настап славеа, денеска на гостувањето кај Гројтер Фирт со 2:0 со што ја задржаа 100% ефикасност од почетокот и веќе собраа 12 бода кои ги оставаат на врвот на табелата.

Изненадување направи и Мајнц кој лесно со 2:0 славеше на гости кај Хофенхајм.

БУНДЕЛСИГА – 4. КОЛО

Баер (Л) – Борусија (Д) 3:4

Фрајбург – Келн 1:1

Гројтер Ф. – Волфсбург 0:2

Хофенхајм – Мајнц 0:2

Унион Берлин – Аугзбург 0:0

РБ Лајпциг – Баерн (М) 18:30 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

 

ПретходноСпалети го напаѓа Јуве со Елмас во стартните 11 (ФОТО)
СледноБотас победи на спринтот на „Монца“, Верстапен утре тргнува прв