Тони Кукоч ќе биде петтиот Хрват кој ќе влезе во „Куќата на славните“ во Спрингфилд. Пред денешната церемонија, тој и останатите кошаркари одговараа на прашања на новинари, секако дел од нив беа за времето минато во Чикаго Булс и односот со Мајкл Џордан.
Кукуч откри дека еден од најдобрите играчи во светот не бил секогаш најдобар, но знаел како да го мотивира.
„Мајкл имаше големо влијание на мене, на секој можен начин. Не беше секогаш најљубезен соиграч, но постојано ме мотивираше, ме тераше да тренирам. Не би го откривал секој говор, но нашите тренинзи беа потешки од мечеците кои ги игравме, бидејќи Мајкл и Пипен, заедно со Фил беа убедени дека секогаш има простор за напредок, простор да се научи нешто ново. Мислам дека тоа е една од главните причини за големиот успех“, изјави Кукоч.