Марјан Секуловски: Респект за Работнички, но Брегалница ќе оди на победа!

193

Утре на Арената во Скопје, во еден од најинтересните мечеви во 6.коло во ПМФЛ, се среќаваат Работнички и Брегалница. Клубови и тимови кои сезонава имаат високи амбиции. Брегалница заедно со Струга ТЛ се единствените екипи кои немаат пораз, секако дека штипските “сини“ посакуваат и утре во најлош случај да останат непоразени.

За тоа што може да се очекува од Брегалница на гостувањето во Скопје, свој коментар има Марјан Секуловски, стратегот на Брегалница кој за Спортмедиа изјави:

Му одиме на гости на добар тим, во целост го респектираме Работнички. Тоа е тим кој во последно време игра добро, имаат квалитетни поединци и буквално може да победи било кој противник во оваа наша лига. Значи го почитуваме Работнички. Сепак ние сме Брегалница, не криеме дека одиме на победа како и на секој меч досега. Ќе го дадеме максимумот со цел да дојдеме до резултат кој нас ќе ни одговара. Сакаме да го задржиме трендот на добри игри и добри резултати. Јас сум оптимист како и секогаш кога станува збор за Брегалница“ ни изјави шефот на струката на “сините“ Марјан Секуловски.

Претходно“Лудница“ пред “Олд Трафорд“: Сите се РОНАЛДО!
СледноРоналдо на ФБ собра 2,2 милиони лајкови: Одиме ѓаволи!