МЗТ Скопје поразен од Арис на гостувањето во Солун

122

 

Кошаркарите на МЗТ Скопје поразени се од десеткратниот грчки шампион Арис (71-86) во вечерашниот меч во Солун, втор за “металците“ за помалку од 24 часа по вчерашната пресметка со Ираклис. Момците од Аеродром одиграа одлично во првото полувреме, по кое на стартот од третиот период водеа со 47-44, но потоа дојде заморот што противникот го искористи за голем пресврт.

На овој меч МЗТ Скопје настапи без американскиот плејмејкер Дастин Вер поради ситна повреда, а во јужното соседство воопшто не отпатува капитенот Дамјан Стојановски. Во нивно отсуство, најдобри беа Роберт Рикиќ со 20 и Кристијан Николов со 16 поени, додека Бојан Крстевски постигна 12, а Адем Мекиќ 11 поени. До стартот на сезоната со Суперкупот против Работнички (25 септември), избраниците на тренерот Дарко Радуловиќ ќе одиграат уште две конролни средби и тоа на домашен терен против Гостивар и Здравље Лесковац.

ПретходноБарса подготвува 70 милиони евра за Олмо во јануари
СледноМиовски даде еден гол, изнуди пенал, а еден гол му поништи ВАР во поразот на МТК