Миовски даде еден гол, изнуди пенал, а еден гол му поништи ВАР во поразот на МТК

276

Македонскиот интернационалец Бојан Миовски остави добар впечаток за МТК на гостувањето кај Пакс со 3:2. Тренерот погреши што не го стави нашиот напаѓач од првата минута. Поранешниот фудбалер на Работнички, Македонија ЃП и на Ренова влезе во игра на почетокот на второто полувреме кога МТК губеше со 2:0. Во меѓувреме Пакс поведе со 3:0, а потоа Миовски постигна гол кој беше поништен од ВАР поради претходен прекршок во напад.

МТК намали со гол на Грозав од пенал кој го избори нашиот фудбалер, а пет минути подоцна Миовски стрела во мрежата на домашните. Сепак, неговиот тим не успеа да спаси барем бод.

За Миовски ова е трет гол оваа сезона. МТК по шест одиграни кола е на седмото место со седум бодови. Пакс е втор.

 

ПретходноМЗТ Скопје поразен од Арис на гостувањето во Солун
СледноНаполи со пресврт го порази Јувентус, Елмас го одигра првото полувреме (видео)