Проекција: Македонија ќе падне две места на ФИФА листата!

143

Од 72. на 74. место на ранкинг листата на ФИФА. Ова е проекцијата која вели дека нашата најдобра фудбалска репрезентација на најновата ранг-листа на ФИФА ќе падне за две места. Имено за месец август бевме на 72.место, но по трите ремија во квалификациите за пласман на СП во Катар 2022, ќе паднеме за две места.

Сосема очекувано.

Инаку официјалната листа, за овој месец, ФИФА ќе ја објави на 16 септември во четврток.

Да кажеме и тоа дека за месец јуни, пред почетокот на ЕУРО 2020, Македонија се наоѓаше на 62.место во светот.

Значи за три месеци паднавме цели 12 места, и тоа е очекувано ако знаеме дека на последните шест меча имам три порази и три ремија, и ниту една победа.

ПретходноПресврт: ФИФА им дозволи на Јужноамериканците викендов да играат во Премиер-лигата!
СледноНестварно: Сите подготвени за мечот, судиите никаде ги нема