Роналдо: Се потсетив зошто стадионот го нарекуваат „Театар на соништата“!

425

Кристијано Роналдо го одигра првиот меч по враќањето во Манчестер Јунајтед и му даде два гола на Њукасл. Јунајтед победи со 4:1, а Роналдо повторно воодушеви со настапот и тој се присети зошто „Олд Трафорд“ го нарекуваат и „Театар на соништата“.

Враќањето назад ме потсети зошто овој стадион го нарекуваат „Театар на соништата“. За мене ова место отсекогаш било магично место каде што можеш да постигнеш се за кое сонуваш.

Заедно со моите соиграчи и неверојатната поддршка од трибините, како и доза на оптимизам и самодоверба ни дава за право да се надеваме на успешна сезона. Горд сум, што се вратив во Манчестер Јунајтед и во Премиер лигата, но пред се сум среќен што му помогнав на тимот да победи“, изјави Роналдо.

ПретходноРоналдо стана третиот највозрасен фудбалер кој постигнал гол за Манчестер Ј.
СледноНант отвори со пораз, Лазаров со шест гола