Денеска сите погледи се свртени кон Премиер-лигата, поточно кон Манчетсер Јунајтед и Кристијано Роналдо. Според најавите португалскиот фудбалер треба да настапи на денешната средба против Њукасл, а тоа го најави на прес-конференција и меначџерот на тимот од „Олд трафорд“, Оле Гунар Солскјер.
„Ќе го убедам Солскјер да ме стави во првиот состав“, изјави Роналдо низ шега, а потоа додаде:
„Сигурно ќе бидам нервозен, исто како и првиот пат кога дебитирав за Јунајтед. Но, сега сум поискусен и тоа ќе ми помогне. Не дојдов во Манчестер за да се одамрам, сакам да освојувам трофеи“.
Мечот меѓу Манчетсер Јунајтед и Њукасл е закажан со почеток во 16 часот.