Шаќири загуби од Кодро на своето деби на клупата на Шафхаузен!

400

Деби со пораз на клупата на Шафхаузен на нашиот стратег Артим Шаќири. Да потсетиме дека еден од нашите некогаш најдобри фудбалери и репрезентативци, сега познат тренер, на 2 септември го презема овој швајцарски клуб кој се натпреварува во Втората лига во Швајцарија.

Синоќа, во рамките на 6.коло, Шафхаузен со Артим Шаќири на клупата гостуваше кај Лозана и е поразен со 2:1.

Тимот на нашиот теренер губеше со 2:0, но успеа во финишот да намали на 2:1, но не и да извлече барем бод.

Интересно е тоа што тренер на победничкиот тим е Мехо Кодро, легендарниот репрезентативец на БиХ.

ПретходноКукоч: Џордан не беше секогаш љубезен, но ме туркаше напред (ВИДЕО)
СледноКлоп: Само парите им се важни