Влаховиќ со два гола oд пенал ја потона Аталанта во Бергамо (видео)

135

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ со два гола од пенал и донесе победа на Фиорентина со 2:1 на гостувањето кај Аталанта во меч од 3.коло во италијанската Серија А. На почетокот на мечот Џимсити постигна гол за Аталанта кој беше поништен со помош на ВАР поради офсајд. Потоа дојде погодокот на Влаховиќ од пенал откако противничкиот играч Јоаким Меле играше со рака во казнениот простор.

Во 47 минута нов пенал за Фиорентина. Џимсити направи прекршок во сопствениот шеснаесетник, а судијата покажа на 11 метри. Влаховиќ го совлада противничкиот голман.

Во 64. минута нов пенал, но сега за Аталанта. Судијата по консултација со колегите од ВАР собата покажа пенал за „сино-црните“ кој во гол го претвори Дуван Запата. До крајот резултатот не се смени.

Фиорентина победи во Бергамо за првпат по 2016 година. За нив ова е втора победа во првенството и имаат шест бода, додека Аталанта има четири бода и скор 1-1-1.

ПретходноКулибали ја објасни својата прослава на победничкиот гол против Јувентус
СледноПо 14 години играње во Европа Давид Луиз се врати во Бразил!