Нестварно: Сите подготвени за мечот, судиите никаде ги нема

358

Неверојатна слика доаѓа од Еквадор. Во рамките на 22. коло требаше да се одигра дуелот меѓу Текника и Манта, но истиот е откажан. Причината се судиите кои беа делегирани за оваа средба, тие не се појавиле на теренот.

Според тамошните информации „Гол ТВ“, кој е главен спонзор не ги исплатил своите обврски, па клубовите не дале гаранција на судиите дека ќе ги покријат нивните трошоци.

Фудбалерите излегоа на терен, но судиите не, иако биле дојдени. На крајот мечот е откажан.

 

ПретходноПроекција: Македонија ќе падне две места на ФИФА листата!
СледноФановите на Шкендија ќе маршираат низ улиците на Тетово за жртвите од пожарот!