Импресивен кам-бек на Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“. Два гола за Португалецот во својот прв меч за „црвените ѓаволи“ по заминувањето во 2009 година и трета победа за еден од гогантите во англискиот фудбал во годинешната Премиер лига.
Манчестер Ј. славеше со 4:1 на домашен терен против Њукасл, а Роналдо кој беше пречекан со овации од трибините, ги „почести“ фановите на клубот со гол уште во првото полувреме, по што неговиот тим поведе со 1:0. Иако Њукасл успеа да израмни на 1:1 во 56. минута преку Манкиљо, тоа не му пречеше на Португалецот со уште една одлична соло акција во 62. минута да ја врати предноста на „Театарот на соништата“.
На 3:1 зголеми Бруно Фернандеш во 80. минута, а конечние 4:1 ги постави Џеси Лингард во судиското надополнување.
Во дербито на денот, Лестер на домашен терен загуби со 1:0 од екипата на Манчестер Сити. Шампионот ги однесе бодовите благодарение на голот на Бернардо Силва во 62. минута на средбата.
Со голот на Пјер-Емерик Обамејанг, Арсенал, конечно, се израдува на првата сезонска победа. „Топчиите“ минимално со 1:0 славеа дома над Норич.
ПРЕМИЕРЛИГА – 4. КОЛО
Кристал Палас – Тотенхем 3:0
Арсенал – Норич 1:0
Манчестер Ј. – Њукасл 4:1
Лестер – Манчестер Сити 0:1
Ватфорд – Вулверхемптон 0:2
Саутемптон – Вест Хем 0:0
Бретнфорд – Брајтон 0:1
Челзи – Астон Вила 18:30 ч.