Спалети го напаѓа Јуве со Елмас во стартните 11 (ФОТО)

250

На стадионот „Диего Армандо Марадона“, Наполи од 18 часот е домаќин на Јувентус во предизвик што може да ги доведе домаќините до +8 во однос на „Старата Дама“ која очајно ја почна новата сезона.

Како што и најавивме вчера, по неколкуте проблеми кои тренерот на Наполи ги има пред овој меч, јасно беше дека нашиот „дијамант“ Елиф Елмас ќе добие стартно место во составот на наполитанците.

Елмас се најде во официјалните 11 за старт на дуелот со Јуве и ќе се обиде да ги покаже сите свои квалитети во обидот на Наполи да му ја донесе и третата сезонска победа.

ПретходноКалараш се договори со Балинген
СледноГол-шоуто на „БајАрена“ со среќен крај за „милионерите“ (ВИДЕО)