Стигна во Арсенал и ги насмеа сите: Ќе ги освоиме ЛШ и Премиер-лигата!

332

Мартин Одегар (22), некогаш норвешкото “Чудо од дете“, и дефинитивно немаше трпение и си замина од Реал Мадрид. Потпиша ова лето договор со Арсенал, со тимот каде играше како позајмен играч.

Интересно е тоа што се уште се раскажуваат неговите зборови на промоцијата.

Тој покрај другото кажа дека Арсенал е голем тим и дека секогаш се бори за трофеи, и дека за некоја година ќе ги освои Лигата на Шампионите и Премиер-лигата.

Овие негови зборови буквално ги насмеа сите, а посебно фановите на Арсенал, кој на социјалните мрежи искоментираа – “Па, добро, што збори овој, знае ли каде доаѓа“.

Секако дека фрустрацијата на фановите на еден од најголемите клубови во светот во последно време е голема откако Арсенал веќе долги години наназад е надвор од конкуренција за најважните трофеио во фудбалот.

ПретходноАдеми по два месеци се врати на терен и асистираше за победа на Динамо (З)
СледноПараглајдеристот Јованоски победи на Светскиот куп во Турција