Македонскиот интернационалец Самир Фазли го постигна својот прв гол во дресот на казахстански Туран. Во меч од 20. коло на казахстанскиот шампионат, Туран одигра нерешено 2:2 на гостувањето кај Атирај што е исклучително значаен бод за тимот на нашиот интернационалец во трката за опстанок.
Фазли прецизно стрелаше во 72. минута од мечот кога на Туран му обезбеди водство од 2:1. Сепак, домашните до крајот на мечот погодија за 2:2. За Фазли ова беше само втор настап за новиот клуб, во чии редови дојде ова лето од Македонија ЃП.