Фановите на Шкендија ќе маршираат низ улиците на Тетово за жртвите од пожарот!

281

Фановите на Шкендија, познати како “балисти“, на социјалните мрежи објавија дека денеска со почеток од 13.30 часот, ќе маршираат низ улиците на Тетово за жртвите во катастрофалниот пожар. Познато е дека Македонија, секако и градот Тетово се уште се во жалост, дури 15 лица го загубија животот во катастрофалниот пожар кој се случи пред три дена при што целосно изгоре модуларната болница во градот.

Маршот ќе започне од централниот плоштад во градот под Шара, а ќе продолжи низ главните улици на Тетово. Се очекува на маршот да им се приклучат и други граѓани.

Во своето известување “балистите“ велат дека ова ќе биде мирен марш на кој во целост ќе се почитуваат ковид-протоколите.

ПретходноНестварно: Сите подготвени за мечот, судиите никаде ги нема
СледноЗатоа е Гранде: Пандев е трет на листата со настапи во Серија А од актуелните играчи!