ЦСКА (М) го раскина договорот со Мајк Џејмс

190

ЦСКА (М) и официјално објави раскинување на договорот со Американецот Мајк Џејмс, кој беше еден од најдобрите кошаркари во тимот во последните две сезони.

31-годишниот Џејмс мина две нецелосни сезони со московскиот клуб, откако по конфликтот со тренерот Итудис реши да си замине во вториот дел од минатата сезона и потпиша договор во НБА лигата со екипата на Бруклин.

На крајот на сезоната, НБА клубот не му понуди нов договор на Џејмс, по штој мораше да се врати во Москва. Иако играше на пријателски натпревари за ЦСКА-2, на крајот мораше да ја раскине соработката.

Претходно„Олд Трафорд“ му се поклони на Роналдо, Арсенал, конечно, даде гол и победи, шампионот славеше кај Лестер (ВИДЕО)
СледноАдеми по два месеци се врати на терен и асистираше за победа на Динамо (З)