Ѓоковиќ: Во финалето ќе играм како да ми е последен меч во кариерата

303

Новак Ѓоковиќ се најде на чекор од историја, го мина Александа Зверев во полуфиналето на УС Опен и само една победа го дели од рекорд, да стана првиот тенисер, кој во иста календарска година ги подигнал сите четири гренд слем трофеи.

„Сакам да им се заблагодарам на сите за оваа одлина атмофсера. Ова се моменти за кои сите живееме, единствена шанса која ја добиваме и за која сонуваме. Ова беше навистина специјално.

Остана уште еден меч. Ќе го дадам срцето, телото, се ќе дадам. Ќе го игра тој меч како да е последен во мојата кариера“, е дел од изјавата на Ноле по пласманот во финалето каде за противник ќе го има Медведев.

ПретходноЃоковиќ му се реваншираше на Зверев за Токио, сега е на чекор од историја
СледноИбрахимовиќ: Роналдо и Меси? Верувам дека сум најдобар во светот