Алегри: Јувентус ќе го надополни дефицитот од 8 бодови

183

Јувентус по првите три меча во Серија А освои само еден бод и тоа ремито со Удинезе (2:2), додека загуби од Емполи (0:1) и вчера од Наполи (1:2). Ова е лош старт за поранешниот италијански шампион, а моментално се наоѓа на 14. место на табелата. И покрај слабиот почеток тренерот Макс Алегри верува дека Јуве ќе ја сврти сезоната и ќе ја надополни негативата од осум бодови.

Имавме ужасен настап против Емполи, а против Наполи скапо ги плативме нашите грешки во одбраната. Не бевме технички прецизни и во второто полувреме премногу ја губевме топката. Наполи играше добро, а во фудбалот кога нема да победиш ти останува само за замолчиш и да работиш напорно за да бидеш подобар на наредните натпревари. Можеме да ја почнеме ЛШ подобро од Серија А. Во моментов ја плаќаме цената на секоја грешка, но исто така такви моменти се чести во фудбалот. Мораме да бидеме поостри, попрецизни и поагресивни па дури и кога водиме“, изјави Алегри.

За дефицитот од осум бода во однос на лидерот Наполи, Алегри објасни:

Долга е сезоната, имаме доста време да се рехабилитираме. Сум имал и полоши моменти од овој. Се што треба да направиме е да го заборавиме мечот со Наполи и да се фокусираме на оној со Малме во ЛШ, а потоа играме со Милан. Точно дека ова е разочарувачки старт и дека одбраната не ни е на ниво (пет примени гола) но мислам дека ќе се вратиме во вистински ритам“, додаде стратегот на Јувентус.

 

ПретходноПМФЛ: Штипјани гостуваат на Арената, ќе биде “жешко“ во Струмица,Тиквеш сака прва победа…
СледноРФМ: Секогаш постапуваме според утврдените нормативни акти