ВМФЛ – ИСТОК: Пехчевци гостуваат во Струмица, Победа по три бода против Саса

233

И на истокот во второлигашката конкуренција попладнево од 16 часот ќе се игра редовното, трето коло. Секако дека најинтересно ќе биде во Струмица каде на стадионот “Благој Истатов“ се среќаваат Беласица и Кит Го. Се очекува интересна битка и голема неизвесност.

Победа во Прилеп ја дочекува Каменица Саса, и двете екипи во првите две кола беа со максимален учинок, сепак прилепчани посакуваат три од три.

Осогово во Кочани го дочекува составот на Братство, а Тим Локомотива ќе има тешка задача против разиграната Слога Виница. И во последниот дуел, Детонит ќе ги одмери силите со тимот на Кожуф.

ДВОЈКИ ЗА 3.КОЛО – ДЕНЕСКА (16:00 Ч)

ОСОГОВО – БРАТСТВО

ТИМ ЛОКОМОТИВА – СЛОГА (В)

ПОБЕДА – САСА

ДЕТОНИТ – КОЖУФ

БЕЛАСИЦА – КИТ ГО

ПретходноВМФЛ-ЗАПАД: Дерби во Маџари, лидерот Воска Спорт сака победа и против Вардар!
СледноФинале на УС Опен: Новак игра за „календарски слем“, a Медведев за прв Грен слем трофеј