Возачот на Мекларен Даниел Рикардо, победи на ГН на Италија во Монца во шампионатот во Формула 1.
Мекларен го искористи подарокот од своите конкуренти, и стигна до „еден-два“ победа, затоа што второто место беше резервирано за Ландо Норис.
Тоа е прва победа на еден возач на Мекларен после девет години, а прва двојна победа после 11 години.
Клучниот момент на трката се случи во 26. круг кога имаше тежок судар меѓу Верстапен и Хамилтон. Најпрво погрешија механичарите во Дер Бул, па Верстапен се задржа предолго во пит-стопот, што овозможи Хамилтон да го стигне.
Хамилтон изби на првото место, но по неговото влегување во бокс, погрешија и механичарите на Мерцедес. Британецот излезе на патеката, но блиску до Верстапен, по што двајцата влегоа агресивно во дуел, а еплигото беше излетување на двајцата.
This angle of the Hamilton-Verstappen crash is absolutely nuts. Thank god for the halo, Hamilton’s head coulda been taken off pic.twitter.com/YJEJACRNTl
— Joe (@JoeRiveraSN) September 12, 2021