Едуард е стрелец на најбрзиот гол на дебитант во Премиер лигата!

157

На францускиот напаѓач му требаа само 28 секунди за првиот погодок во дресот на Кристал Палас.

Во 4.коло од Премиер лигата Кристал Палас го совлада Тотенхем со 3:0, а еден од хероите во победата на „орлите“ беше Одсон Едуард, кој влезе во игра во 84. минута и по само 28 секунди реализираше гол (подоцна уште еден). Францускиот фудбалер е најбрзиот стрелец на гол постигнат од дебитант во Премиер лигата уривајќи го претходниото рекорд на Тиеви Бифум, екс фудбалерот на Вест Бромич кој во февруари 2014 реализираше гол на дебито по само 36 секунди.

 

ПретходноТони Кукоч влезе во кошаркарската „Куќа на славните“
СледноАлександар Влахо: Очекувам Работнички да одигра квалитетно против Брегалница!