Пролет едвај до победа против ослабениот Металург

254

Металург добро се држеше на дуелот против Пролет, на крајот беше совлада со 22-24. Тимот од Автокоманда одигра со десет ракометари во составот, откако не стигнаа на време сертификатите за тројца членови, Рибеиро, Мане и Озтурк, како и браќата Њокас, кои се селат во Вардар.

Домашниот тим на стартот имаше негатива од два гола 7-9, но успеа да се врати, пред полувремето водеше со 12-11. На одморот Пролет замина со минимални 12-13.

Одново гостите имаа предност од два гола (13-15). Но ниту овој пат не падна Металург, изедначи и не му дозволи на противникот лесно да се одлепи.

Сепак две технички грешки во низа, Пролет ги искористи и поведе со 20-22 во 21 минута, позитива која ја сочува.

Хорват со седум гола беше прв стрелец на теренот, кај победникот Голубовиќ и Пејовиќ имаа по пет гола.

На последната средба од првото коло во Супер-лигата, Бутел Скопје едвај дојде до победа над Прилеп, славеше со 28-27.

ПретходноЛеао и Ибрахимовиќ му донесоа победа на Милан над Лацио (ВИДЕО)
СледноВерстапен казнет поради инцидентот со Хамилтон