Верстапен казнет поради инцидентот со Хамилтон

669

Во генералниот пласман Макс Верстапен остана водечки после ГН на Италија.

Победата на Монца ја однесе Даниел Рикардо од Мекларен, меѓутоа во овој триумф имаше голем придонес и сударот меѓу Верстапен и Хамилтон, кои мораа да се откажат.

Во 28 круг, Верстапен го удри Хамилтон, па така првите претенденти за титулата мораа да ја завршат трката.

Хамилтон можеше да мине и полошо, односно заштитниот систем го спасил од потешки повреди.

После трката двајцата возачи завршија кај судијата, кои одлучија дека Верстапен е виновен, и тој доби казна. Така на наредната трка ќе биде вратен една позиција назад во односот на позицијата која ќе ја оствари во текот на квалификациите.

ПретходноПролет едвај до победа против ослабениот Металург
СледноПосле девет месеци Битола уживаше во ракомет (ФОТО)