ВМФЛ – ЗАПАД: Вардар во дербито ја победи Воска Спорт, Силекс не запира…

1316

Вардар со 2:0 ја победи Воска Спорт во дербито на 3.коло кое се одигра во Маџари. Стрелци на головите беа Наумоски во првиот дел и Костовски во второто полувреме. Видовме интересна и квалитетна битка, и победа на вардарци.

Тетекс и Кадино одиграа 1:1 во меч кој се играше во Боговиње. Силекс со голот на Танушев славеше во Охрид и ова е трет триумф на кратовци во третиот меч сезонава во ВМФЛ – ЗАПАД.

Беса со 2:0 на гости го победи Гостивар, а Кораби пак со 1:0 триумфираше над Велешта.

РЕЗУЛТАТИ – 3.КОЛО

ОХРИД – СИЛЕКС 0:1

ТЕТЕКС – КАДИНО 1:1

ГОСТИВАР – БЕСА 0:2

КОРАБИ – ВЕЛЕШТА 1:0

ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ 2:0

ПретходноПМФЛ: Работнички бил “лекот“ за штипјани, нов блесок на Мирчевски, Ренова го “гипсира“ Тиквеш! (ВИДЕО)
СледноВардар ја наполни мрежата на Скопје, во Битола познато сценарио