Двојна победа на Мекларен на „Монца“ по судирот на Хамилтон и Верстапен (ВИДЕО)

175

Возачот на Мекларен Даниел Рикардо, победи на ГН на Италија во Монца во шампионатот во Формула 1.

Мекларен го искористи подарокот од своите конкуренти, и стигна до „еден-два“ победа, затоа што второто место беше резервирано за Ландо Норис.

Тоа е прва победа на еден возач на Мекларен после девет години, а прва двојна победа после 11 години.

Клучниот момент на трката се случи во 26. круг кога имаше тежок судар меѓу Верстапен и Хамилтон. Најпрво погрешија механичарите во Дер Бул, па Верстапен се задржа предолго во пит-стопот, што овозможи Хамилтон да го стигне.

Хамилтон изби на првото место, но по неговото влегување во бокс, погрешија и механичарите на Мерцедес. Британецот излезе на патеката, но блиску до Верстапен, по што двајцата влегоа агресивно во дуел, а еплигото беше излетување на двајцата.

ПретходноНајтрофејниот фудбалер во историјата бара нов клуб!
СледноПолувреме: Работнички со водство, пресврт во Струмица, голови нема само во Струга!