Ел Шарави им донесе „три од три“ на Рома и Мурињо (ВИДЕО)

174

Жозе Мурињо и Рома остануваат непоразени и по 3. коло во Серија А. Херојот на Рома е Ел Шарави во втората минута од породолжението ги постави конечните 2-1 на дуелот против Сасуоло.

Двата тима одиграа одличен натпревар, вистинска драма. Кристанте донесе водство на својот тим од 1-0 во 37. минута, во вториот дел Ѓуричиќ изедначи на 1-1.

И Сасуоло и Рома имаа бројни шанси, по погодокот на Ел Шарави, судијата им поништи гол на гостите поради офсајд.

Рома останува во друштвото на Наполи и Милан со перфектен скор по првите три кола во Серија А.

ПретходноВан Дајк со порака до Харви: Ќе ти чуваме грбот!
СледноРеал со пресврт до победа: Супер Бензема и деби со гол за Камавинга (ВИДЕО)