Екипата на Металург во некомплетен состав ќе ја почне сезоната, против Т.Пролет во дербито на колото ќе игра со десет играчи. Како што соопштија од таборот на тимот од Автокоманда на време не стигнале сертификати и лиценци за сите ракометари.
Костадин Петров ќе биде во тимот, додека пак нема да бидат Рибеиро, Мане и Озтурк.
Дарио Кофилоски вп иднина нема да биде дел од Металург, исто се очекува и за браќата Њокас кои чекаат завршница.
„Колку сме толку сме, нема да се предадеме. Нас ни останува да направиме неколку интернационални трансфери за да се засилиме до следен преоден рок и да вклучиме уште некој млад играч од младинските категории. Не е лесно, но ќе се истрае. Болен рез кој еднаш мора да се направи за иднината“, потврди претседателот на клубот Зорица Блажевска.