Најтрофејниот фудбалер во историјата бара нов клуб!

210

Дани Алвес (38), според многумина најтрофејниот фудбалер во историјата не е веќе дел од Сао Паоло. Тој го раскина со клубот од Бразил. Легендарниот Бразилец после минати две години во Сао Паоло реши да си замине поради фактот дека клубот му должи повеќе од 2 милиони евра.

За неговите услуги е заинтересирана Севиља, потоа уште некои клубови од Европа, како и клубови од Саудиска Арабија, а неговото име се врзува и со трансфер во Бока Јуниорс.

Инаку Алвес играше за Барселона, Јувентус, ПСЖ и уште неколку други клубови, а со Бразил на последната Олимпијада во Токио го освои 43 трофеј во својата кариера.

ПретходноЕдна минута молчење за жртвите во Тетово!
СледноДвојна победа на Мекларен на „Монца“ по судирот на Хамилтон и Верстапен (ВИДЕО)