Неверојатната Радукану – од квалификантка до титулата на УС Опен без загубен сет!

1092

ФОТО: Тwitter/WTA

Британката Ема Радукану е освојувачка на титулата на УС Опен 2021 откако во финалето ја совлада Канаѓанката Лејла Фернандез со 6:4 и 6:3 по сетови и со тоа стави крај на 44 годишното чекање на Британија за титула на женски Грен Слем турнир.

Таа има само 18 години што ја прави најмладата Британка со освоен трофеј на Грен слем турнирите, а втора најмлада тенисерка воопшто по Марија Шарапова и нејзиниот триумф на Вимблдон во 2004 година. Нејзиниот успех е поголем затоа што е првата квалификантка која успеала да стигне до трофејот на УС Опен без да загуби сет.

Радукану одигра 10 натпревари за блескавото одличје. Да потсетиме на нејзиниот пат. Во првото коло ја совлада Фегеле (6:2, 6:3), потоа Кинеската Жанг (6:2, 6:4), па Шпанката Сорибес Тормо (6:0, 6:1), па Шелби Роџерс (6:2, 6:1). Во четвртфиналето ја елиминира олимписката победничка Белинда Бенчиќ (6:3, 6:4), во полуфиналето Гркинката Марија Сакари (6:1, 6:4) и сега во финалето Фернандез (6:4, 6:3).

 

ПретходноСолсбери освои два трофеја на УС Опен во парови
СледноРадукану: „Го грабнав трофејот и не сакам да го пуштам“