Неверојатно: Тројца играчи на Њукасл се расправале кој да го земе дресот на Роналдо!

360

И дефинитивно и натаму вест број еден во фудбаксиот свет е враќањето на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед и неговиот настап вчера против Њукасл, во кој неговиот тим победи со 4:1 а два гола беа негово дело.

И додека сите беа восхитени од настапот на Португалецот, посебно фановите на Јунајтед, по мечот се случила навистина чудна случка. Имено тројца фудбалери на гостите се расправале меѓусебе кој да го земе дресот на Роналдо, односно кој да го замени со својот.

Како што пренесуваат медиумите на Осторовот, тоа биле Ласелес, Хајден и Џоелингтон, сепак не се наведува кој од нив “победил“ и кој го земал дресот на Роналдо.

ПретходноСампдорија го сопре Интер, голчиште на Димарко!
СледноЛазаров топ тема во Л’Екип: Четири години живеам една прекрасна приказна