Николов: Ми се допаѓа во Шериф, чест е да се игра во Лигата на Шампионите!

322

Бобан Николов, еден од нашите најдобри фудбалер и актуелен репрезентативец на Македонија, пред неколку недели потпиша за Шериф Тираспол, убедливо најдобриот тим во Молдавија. Тим кој што оваа есен ќе игра во групната фаза во Лигата на Шампионите.

Во пресрет на првиот настап за својот тим, Николов даде поголемо интервју за клупскиот сајт.

Како прво да кажам дека ми се допаѓа овде во Шериф, ми се допаѓа проектот во кој сум вклучен. Се надевам дека брзо ќе се адаптирам и дека ќе го давам максимумот за својот тим. Видов како играше Шериф против Динамо Загреб. Ние сме добар тим, реков дека се надевам дека и јас ќе го дадам својот придонес“ посочи Николов.

На прашањето дали трансферот во Шериф е напред во неговата кариера, Николов одговори…

Само напред. Па, ќе играме во Лигата на Шампионите. Верувам во момците дека ќе успеат да се пласираат во ЛШ, така и беше. Можеме да играме на високо ниво. Од Италија носам позитивни впечатоци. Таму се игра добар фудбал, и јас научив многу во Италија. На крај да кажам дека за мене е голем чест што сум во клуб како што е Шериф. Секој сака да игра во ЛШ. Ќе дадам се од себе за да учествувам во победите на Шериф“ рече покрај друготи Бобан Николов.

ПретходноВлаховиќ: Реков дека останувам во Фиорентина и си стојам на зборот
СледноХолифилд се врати во рингот и доживеа срамен нокаут!