Нов удар за каталонците: Напаѓачот на Барса во “аут“ до крајот на годината!

560

Мартин Брајтвајт е потешко повреден и тој ќе биде надвор од терените најмалку 3-4 месеци, тоа значи дека за него заврши оваа 2021 година. Се разбира дека ова е удар за Барселона и тренерот Роналд Куман, кој сега може да смета на двајца свои класични напаѓачи и тоа на Мемфис Депај и Лук де Јонг.

Ова е лоша вест за Барселона и од друга причина. Имено каталонците посакуваа во зимскиот преоден рок да го продадат данскиот репрезентативец, а со ова секако цената ќе му падне и тоа како.

ПретходноДеби победа на Бањаја во Мото ГП!
СледноЛемар во 99.минута му донесе победа на Атлетико!