Познато е дека Манчестер Јунајтед во следниот преоден рок посакува да го засили својот среден ред со Деклан Рајс, најдобриот фудбалер на Вест Хем и репрезентативец на Англија.
Но од денеска, како што известуваат медиумите во Англика, во трката по Рајс се вклучува и Манчестер Сити. Имено Пеп Гвардиола откако го видел вчерашното издание на Роналдо и на Манчестер Јунајтед го фатило паника, па морал да реагира.
Се шпекулира дека ако Јунајтед има намера да даде 100 милиони евра за Деклан Рајс, тогаш Пеп и Сити ќе одат со понудата и до 120 милиони, само да не заврши на “Олд Трафорд“.