Сампдорија го сопре Интер, голчиште на Димарко!

216

Нема три од три за Интер во Серија А сезонава. Попладнево шампионот гостуваше во Џенова, каде на “Мараси“ одигра само 2:2 против Сампдорија во одличен и квалитетен натпревар. Треба веднаш да се истакне водството на Интер и тоа со прекрасниот гол на Димарко од слободен удар во 18.минута за 1:0 за гостите од Милано. Сампдорија врати во 33.минута преку Јошида, за да “неро – аѕурите“ одново поведоа и тоа со 2:1 со голот на Лаутаро Мартинез во 44.минута по додавањето на Барела.

Сепак домашниот состав беше агресивен и само што започна вториот дел, во 47.минута со голот на Агуељо ги постави конечните 2:2.

До крајот на мечот и двете екипи имаа по неколку шанси за победа, сепак мораа да се задоволат со по еден бод.

ПретходноОткако ги виде Роналдо и Јунајтед: Пеп e во паника, за Рајс нуди 120 милиони евра!
СледноНеверојатно: Тројца играчи на Њукасл се расправале кој да го земе дресот на Роналдо!