Александар Влахо: Очекувам Работнички да одигра квалитетно против Брегалница!

132

 

Работнички денеска во еден од најинтересните мечеви од 6.коло во ПМФЛ, на Арената во Скопје го дочекува тимот на Брегалница. И двете екипи,како и сите останати, во времето на паузата имаа доволно време да ги поправат грешките од минатите мечеви и максимално да се подготват за тоа шо следува.

Стратегот на Работнички, Александар Влахо во пресрет на денешниот дуел истакнува…

Враќањето на Брегалница во ПМФЛ е добро за мак-фудбалот. Затоа мене ми е драго што овој клуб одново е во елитата. Брегалница покажа дека е сериозен тим кој треба максимално да се респектира. За нас секој тренинг,секој натпревар е добредојден со оглед на тоа што уште се воигруваме. Очекувам Работнички да одигра квалитетно против Брегалница и да дојде до позитивен резултат“ заклучи Влахо.

ПретходноЕдуард е стрелец на најбрзиот гол на дебитант во Премиер лигата!
СледноИбрахимовиќ: Меси или Роналдо? Јас сум подобар и од двајцата