Струга Трим Лум заедно со Брегалница се единствените непоразени екипи во тековната сезона. Екипата под водство на стратегот Срѓан Захариевски и во оваа сезона игра добро, квалитетно и ретко кој може да се пофали дека ја надиграл. Попладнево на свој терен, стружани се среќаваат против Скопје. Ете им шанса за нова победа, за нови три бода со што уште повеќе ќе се зацврстат при врвот на табелата во ПМФЛ.
Сепак нема да биде лесно, “пиратите“ без разлика на кое место се на табелата се незгоден противник.
Тоа го знае и Бесмир Бојку, еден од клучните играчи на Струга ТЛ во средниот ред.
“Тоа ќе биде тежок натпревар. Скопје како што е познато е една организирана и агресивна екипа. Нема воопшто да биде лесно, сепак ние сме подготвени за овој предизвик. Јасно е дека Струга Трим Лум ќе одигра уште еднаш ќе одигра мотивирано со верба дека бодовите ќе останат во Струга“ заврши Бесмир Бојку.