Вардар ја наполни мрежата на Скопје, во Битола познато сценарио

226

Двата најголеми конкуренти за двојната титула Вардар 1961 и Е.Пелистер победнички ја стартуваа новата сезона.

Актуелниот бранител на титулата имаше лесна задача во првото коло, на домашен терен го пречека дебитантот Скопје, го совлада со убедливи 48-24 . Оваа средба беше решена веднаш на самиот старт, Вардар поведе со 9-3, на полувремето беше 25-11. До крај беше само рутина.

Дибиров и Талески запишаа по седум гола, Георгиевски имаше еден помалку. На другата страна Чакалиќ имаше четири погодоци.

Е.Пелистер беше подобар од Е.Пелистер 2 со 29-24 (13-10). Поискусниот битолски состав поведе со 4-1, најголемата предност во овој дел беѓе четири гола (8-4), на одморот вториот тим намали на 13-10. До крај пружи силен отпор, но на крајот победи посилниот.

ПретходноВМФЛ – ЗАПАД: Вардар во дербито ја победи Воска Спорт, Силекс не запира…
СледноМеталург со 10 играчи против Пролет