И на истокот во второлигашката конкуренција попладнево од 16 часот ќе се игра редовното, трето коло. Секако дека најинтересно ќе биде во Струмица каде на стадионот “Благој Истатов“ се среќаваат Беласица и Кит Го. Се очекува интересна битка и голема неизвесност.
Победа во Прилеп ја дочекува Каменица Саса, и двете екипи во првите две кола беа со максимален учинок, сепак прилепчани посакуваат три од три.
Осогово во Кочани го дочекува составот на Братство, а Тим Локомотива ќе има тешка задача против разиграната Слога Виница. И во последниот дуел, Детонит ќе ги одмери силите со тимот на Кожуф.
ДВОЈКИ ЗА 3.КОЛО – ДЕНЕСКА (16:00 Ч)
ОСОГОВО – БРАТСТВО
ТИМ ЛОКОМОТИВА – СЛОГА (В)
ПОБЕДА – САСА
ДЕТОНИТ – КОЖУФ
БЕЛАСИЦА – КИТ ГО