На францускиот напаѓач му требаа само 28 секунди за првиот погодок во дресот на Кристал Палас.
Во 4.коло од Премиер лигата Кристал Палас го совлада Тотенхем со 3:0, а еден од хероите во победата на „орлите“ беше Одсон Едуард, кој влезе во игра во 84. минута и по само 28 секунди реализираше гол (подоцна уште еден). Францускиот фудбалер е најбрзиот стрелец на гол постигнат од дебитант во Премиер лигата уривајќи го претходниото рекорд на Тиеви Бифум, екс фудбалерот на Вест Бромич кој во февруари 2014 реализираше гол на дебито по само 36 секунди.