Убава атмосфера на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје каде што во тек е дербито од ВМФЛ – ЗАПАД меѓу Вардар и Воска Спорт. До 55.минута вардарци имаа водство од 1:0 и тоа на задоволство на “Комити“ кои и покрај фактот дека нивниот тим игра во Втора лига, сепак се собраа во голем број и му даваат подршка на Вардар.